🏆 ПРВО МЕСТО НА РЕПУБЛИЧКИОТ НАТПРЕВАР ПО ФИЗИКА – ГОРДОСТ НА НАШАТА ОПШТИНА! 🔬⚛️
Денес, во просториите на Општина Липково, градоначалникот Еркан Арифи оствари средба со талентираниот ученик од трета година во СОУ „Исмет Јашари“, Леарт Реџепи, неговиот ментор, проф. Лиридон Сулејмани, како и директорот на училиштето, Исни Алији, по повод извонредниот успех – освоеното прво место на 48-от Републички натпревар за експерименти по физика, во организација на Друштвото на физичарите на Република Северна Македонија.
Во знак на почит и признание за овој резултат кој нè прави горди сите нас, градоначалникот на Општината им додели Благодарници на ученикот Леарт Реџепи и на професорот Лиридон Сулејмани, додека за Леарт беше доделена и финансиска награда, како поддршка и поттик за неговата работа, талент и посветеност кон науката.
Општина Липково останува посветена на поддршката на младите, училиштата и образовниот кадар кои со својот труд го афирмираат името на нашата општина на државно ниво.
👏 Честитки Леарт, честитки проф. Лиридон и директоре Исни Алији! Ви посакуваме нови успеси на секој чекор!
