ЈАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
за учество на засегнатата јавност во јавниот увид и одржување на јавни расправи
Во рамките на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион” (NEAR/SKP/2022/EA-RP/0137), финансиран од Европската Унија преку Инструментот за Претпристапна помош (ИПА), подготвен е:
- Нацрт Регионален План за управување со отпадот
- Нацрт Извештај за стратегиска оцена на животна средина
Документите се достапни за јавен увид во периодот 05.10.2026 – 15.11.2026.
📄 Пристап до документите
- Печатени верзии:
- Центар за развој на Североисточен плански регион, ул. „Илинденска“ бб, Куманово
- Центар за развој на Источен плански регион, ул. „Ванчо Прке“ бр. 119, Штип
- Електронски верзии: Линк за преземање – Кликни тука
🗣 Јавни расправи
- Источен регион
- Кочани – Мултикултурен Центар, 20.10.2026, 11:00
- Делчево – Спомен Дом АСНОМ, 21.10.2026, 11:00
- Североисточен регион
- Куманово – сала во поранешен Комитет, 22.10.2026, 09:00
- Ранковце – сала на Советот на Општината, 22.10.2026, 13:00
📧 Контакт за коментари
- Емил Василев (Источен регион) – emil.vasilev@eastregion.mk
- Саша Кузмановиќ (Североисточен регион) – sskuzmanovic@yahoo.com
- Javno Izvestuvanje 102026 (1)